МВР
Посебни безбедносни мерки во Охрид за посетата на Орбан
25.09.2024 18:11
На маргините на дводневната посета е предвидена и прошетка во градот, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар...

Под посебни безбедносни мерки и протоколи во Охрид ќе биде утрешната посета на унгарскиот премиер Орбан и неговата делегација.
Според најавите од македонската влада, тој ќе се сретне со премиерот Мицкоски во премиерската вила. Ќе се одржат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.
На маргините на дводневната посета е предвидена и прошетка во градот, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“.
