Одбрана

ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата

25.09.2024 19:05

Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии– соопшти Советот на ЕУ.

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Македонската армија.

Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии– соопшти Советот на ЕУ.

Во соопштението се нагласува дека оваа одлука дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

Согласно одлуката, ЕПФ за Армијата ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, потоа логистичка и инженерска опрема, како и комуникациски и информациски системи, а ќе обезбеди и техничка обука за користење на опремата.