Блинкен: Најдобар одговор е дипломатијата, работиме на тоа да се избегне војна на Блискиот Исток
„Најдобар одговор е дипломатијата, а нашите координирани напори се од витално значење за да се спречи понатамошна ескалација“, додаде Блинкен.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ризикот од ескалација на Блискиот Исток е „акутен“ и дека Вашингтон и неговите сојузници неуморно работат за да избегнат војна од целосен размер меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах поврзана со Иран.
„За Либан, ние работиме неуморно со партнерите за да избегнеме целосна војна и да преминеме кон дипломатски процес што ќе им овозможи на Израелците и Либанците да се вратат во своите домови“, рече во Њујорк американскиот државен секретар.
„Најдобар одговор е дипломатијата, а нашите координирани напори се од витално значење за да се спречи понатамошна ескалација“, додаде Блинкен.
Според висок претставник на Стејт департментот, оваа недела САД и нивните сојузници и партнери истражуваат конкретни идеи на маргините на Генералното собрание на ОН.
