Камен-темелник на новата зграда на Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод
Почна да се гради новата зграда на Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод на местото на старата зграда на Геолошкиот завод.
Камен темелникот го постави премиерот Никола Груевски, кој истакна дека целта е да се моделираат модерни, силни и ефикасни институции кои во целост ќе одговорат на потребите и ќе бидат предводници во развојот на нашата земја.

Објектот ќе го носи името „Палата Емануел Чучков“ и ќе биде распространет на површина од околу седум илјади метри квадратни. Тој ќе се состои од подрумски простории, приземје и шест ката од кои поголем дел ќе бидат наменети за Државниот завод за ревизија, помал дел за Геолошкиот завод, а со дуќаните ќе стопанисува ПУИК.
Изградбата на објектот ќе чини околу 430 милиони денари или седум милиони евра, а се очекува да биде завршен за две години.
Премиерот Никола Груевски на поставувањерто на камен-темелникот кажа дека и двете институции што ќе бидат сместени во новата зграда која по својата функционална корист ќе претставува и уникатно архитектонско здание и ќе даде нова естетска убавина на македонската метропола, во минатото и денес немаа свој објект за функционирање и се соочуваа со неможност за развој и унапредување на својата дејност.