Македонија

Орбан во дводневна посета на земјава

26.09.2024 08:29

Според најавите од македонската влада, тој ќе се сретне со премиерот Мицкоски во премиерската вила. Ќе се одржат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација...

Под посебни безбедносни мерки и протоколи во Охрид ќе биде дводневната посета на унгарскиот премиер Орбан и неговата делегација која почнува од денеска.

Според најавите од македонската влада, тој ќе се сретне со премиерот Мицкоски во премиерската вила. Ќе се одржат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.

На маргините на дводневната посета е предвидена и прошетка во градот, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“.