Македонија

Постојан координатор на ОН во земјава Рита Колумбиа во посета на Парламентот

26.09.2024 08:37

Како што информира собраниската прес-служба, Колумбија ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши...

Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа денеска ќе го посети Парламентот.

Како што информира собраниската прес-служба, Колумбија ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 18 овој месец ја прими Колумбиа и разговараа за тековните активности и проекти кои со поддршка на организациите на ОН се реализираат кај нас, како и за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети.