Собрание

Латвиска делегација предводена од Ингрида Левренс во посета на Собранието

26.09.2024 08:40

Левренс ќе се сретне со потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски и со претседателката на Пратеничката група на Собранието...

Латвиска делегација предводена од Ингрида Левренс, заменик-државна секретарка за европски прашања и шефица на Директоратот на ЕУ денеска ќе го посети Собранието.

Како што информира собраниската прес-служба, Левренс ќе се сретне со потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски и со претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентите на балтичките земји Моника Зајкова.