Македонија

Форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација

26.09.2024 08:49

На форумот, како што е најавено, ќе се обратат заменик-амбасадорката на САД Никол Варнс, министерот за локална самоуправа Златко Перински, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода...

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на годишниот лидерски форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација.

На форумот, како што е најавено, ќе се обратат заменик-амбасадорката на САД Никол Варнс, министерот за локална самоуправа Златко Перински, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода.

Учесниците на форумот ќе дискутираат за стратегии за зголемување на општинските приходи, унапредување на процесот на децентрализација и подобрување на транспарентност и отчетност на локалната самоуправа.