Меркел: Спорот за името меѓу Грција и Македонија е товар за нас
Таа е оптимист дека може да се најде решение за тоа прашање...

Нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар за нас, истакна германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник пред учесниците на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони“.
Додаде дека мора на некој начин да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија. Таа е оптимист дека може да се најде решение за тоа прашање.
„Мислам дека може и мора некако да го решиме тоа. Јас лично се вклучив во тоа и размислував за сите можни комбинации за името, но некогаш мислам дека не постои ништо повеќе што може да се измисли“, рече Меркел.
Германија, е подготвена на конструктивна соработка за решавање на ова прашање, но без компромис не се може додава германската канцеларка.
