еу
Албанија се издвојува од пакетот со Северна Македонија, на 15-ти октомври ги почнува преговорите со ЕУ
26.09.2024 09:00
Грција нотирала дека ги решила спорот и го подигнала ветото за продолжување на преговорите со Албанија...

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија на состанокот во Брисел едногласно одлучија да се одржи втора меѓувладина конференција со Албанија на 15-ти октомври во Луксембург. Грција нотирала дека ги решила спорот и го подигнала ветото за продолжување на преговорите со Албанија.
Со ова Албанија се издвојува од пакетот со Северна Македонија и ќе почне со отворање поглавја од првиот кластер – темели. На состанокот воопшто не било дискутирано за продолжување на преговорите со Северна Македонија, која не го исполни условот од преговарачката рамка за уставни промени.
