Секој конвенционален напад врз Русија ќе се смета за заеднички напад, изјави Путин
„Го задржуваме правото да користиме нуклеарно оружје во случај на агресија врз Русија и Белорусија. Сите овие прашања се договорени со белоруската страна, вклучувајќи и ако непријателот, користејќи конвенционално оружје создава критична закана за нашиот суверенитет“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија...

Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја. Секој конвенционален напад врз Русија поддржан од која било нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад, изјави рускиот претседател Путин.
„Го задржуваме правото да користиме нуклеарно оружје во случај на агресија врз Русија и Белорусија. Сите овие прашања се договорени со белоруската страна, вклучувајќи и ако непријателот, користејќи конвенционално оружје создава критична закана за нашиот суверенитет“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
За војната во Европа жестока дебата и во ООН. Претседателот Џо Бајден објави декларација за поддршка за закрепнување и обнова на Украина која ја поддржаа над 40 земји.
