Тропската бура „Хелен“ се засили до ниво на ураган
„Ова може да биде голем ураган. Некои го означуваат дури и како категорија 4. Постои опасност од силен ветер и дожд. Голема бура доаѓа кон вас во текот на следните 24 часа до 36 часа“, изјави Рон Де Сантис, гувернер на Флорида...

Тропската бура „Хелен“ се засили до ниво на ураган. Синоптичарите предупредуваат дека интензитетот ќе се зголеми кога ќе го премине Мексиканскиот залив на пат кон Флорида.
„Ова може да биде голем ураган. Некои го означуваат дури и како категорија 4. Постои опасност од силен ветер и дожд. Голема бура доаѓа кон вас во текот на следните 24 часа до 36 часа“, изјави Рон Де Сантис, гувернер на Флорида.
Крајбрежното население е евакуирано, училиштата се затворени, а во Флорида и Џорџија е прогласена вонредна состојба. Повеќе од 40 милиони луѓе се под предупредување за урагани и тропски бури. Силен дожд и ветер претходно ја зафати Куба додека Хелен ја минуваше островската држава.
