МСУ

Изложба во МСУ на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски

26.09.2024 09:41

Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите на современата уметност денес...

Во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. Кураторка е Мира Гаќина.

Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите на современата уметност денес.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен. Така што ова е исклучително ретка можност да ги имаме во МСУ – Скопје.

Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат. На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ-Скопје. Проектот вклучува и различни интерактивни компоненти, кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и да размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.

 

 

 

 

 

 

Фото:/ МСУ