Фудбал
Меси најави враќање во Аргентина
26.09.2024 11:17
Наместо во Америка, Меси ќе се врати таму каде што почна се, во Аргентина и неговиот Њуелс Олд Бојс...

Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, нема да ја заврши кариерата во американската МЛС лига.
Има 37 години и моментално е член на Интер од Мајами во МЛС, Меси не планира таму да ги закачи копачките, тврди „Ел Национал“.
Наместо во Америка, Меси ќе се врати таму каде што почна се, во Аргентина и неговиот Њуелс Олд Бојс.
Кариерата ја започна токму таму на 13 години и никогаш не криеше дека би сакал да се врати еден ден. Меси е член на Интер Мајами од 2023 година, каде што пристигна по две сезони во Пари Сент Жермен.
