Придобивки од внес на витаминот Б3
Оптималниот внес на овој витамин помага за здравјето на нервите и ја одложува дегенерацијата на нервите...

Витаминот Б3 е еден од осумте витамини од групата Б кои му помагаат на телото да ги претвори јаглехидратите од различни видови храна во гориво. Поволно делува на здравјето на кожата, срцето и мозокот.
Постојат три главни видови на витамин Б3 – никотинамид рибозид, ниацин и никотинамид. Секој од овие три вида на витамин Б3 различно влијае на телото.
Витаминот Б3 придонесува за здравјето на кожата. Истотака витаминот Б3 придонесува за кардиоваскуларното здравје, ниацинот има потенцијал да ги намали липидите и липопротеините во крвта. Ова е причината зошто ниацинот може да го намали нивото на триглицериди и со тоа да го намали ризикот од срцеви заболувања. Истата студија покажа дека ниацин помага да се зголеми производството на адипонектин, хормон кој помага да се намали формирањето на масни наслаги во артериите.
Го штити мозокот од невродегенеративни состојби како што се Алцхајмерова, Паркинсонова и Хантингтонова болест. Оптималниот внес на овој витамин помага за здравјето на нервите и ја одложува дегенерацијата на нервите.
Витаминот Б3 може да се внесе во телото преку храната, но може да се синтетизира и природно во човечкото тело. Никотинамидот е нуспроизвод на метаболизмот на аминокиселината триптофан, при што телото синтетизира 50% од оваа форма на витамин Б3.
Храната како што се јајцата, мешунките, јаткастите плодови, семките и печурките може да обезбеди доволна количина на никотинамид.
Фото:/ alodokter
