Евроинтеграции

Албанија од октомври ќе отвора поглавја, Македонија стагнира

26.09.2024 12:27

Албанија на средината на октомври ќе ја одржи втората меѓувладина конференција со ЕУ и ќе почне да отвора поглавја од преговарачкиот процес. Ваква одлука донесоа амбасадорите на земјите членки на Европската унија на состанокот во Брисел, откако Грција го подигна ветото поради случајот Белери...

Скопје и Тирана раздвоени на европскиот пат. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ едногласно одлучија, на 15-ти октомври во Луксембург да се одржи втора меѓувладина конференција со Албанија, со што земјата ќе почне да ги отвора поглавјата од првиот кластер – темели.

За Македонија останува да се исполни условот од преговарачката рамка за уставните измени.

Ќе стагнира во евроинтеграцијата сè додека не го исполниме условот за уставни измени, предупредува директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска.

Македонија и Албанија ги почнаа пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година, кога беа одржани првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.

 

Ирина Гелевска