Обединети нации
Сиљановска-Давкова: Фрустрации од блокадата
26.09.2024 13:25
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе има обраќање на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.
Таа беше дел и од средбата на лидерите од Западен Балкан со шефот на европската дипломатија Борел и посочи дека отстапките што ги направи нашата земја не беа соодветно вреднувани, со што се зголеми фрустрацијата во македонското општество.
Наш специјален известувач од Њујорк е Стојан Трпчевски.
