Украина

Бајден најави нова воена помош за Украина вредна над 8 милијарди долари

26.09.2024 14:37

Војната со дронови меѓу Москва и Киев продолжува додека Зеленски во САД го претстави планот за победа на Украина пред неговиот американски колега и двете партии во Американскиот конгрес...

Војната со дронови меѓу Москва и Киев продолжува додека Зеленски во САД го претстави планот за победа на Украина пред неговиот американски колега и двете партии во Американскиот конгрес. Бајден најави нова воена помош вредна над 8 милијарди долари за да му помогне на Киев да победи во војната против Путин, но забраната за користење оружје со долг дострел во Русија и натаму остана. Новиот пакет ги вклучува долго посакуваните бомби, системи за противвоздушна одбрана и обука на украински пилоти. Во истовреме од Кремљ го повторија ставот на Путин дека може да искористи нуклеарно оружје доколку бидат нападнати.

„Трезно настроените шефови на држави, политичарите и аналитичарите веќе одлично ја разбраа сериозноста на изјавите на претседателот Путин. Особено кога станува збор за невидена конфронтација предизвикана од директното учество на западните земји, вклучително и земјите со нуклеарно оружје во конфликтот околу Украина“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.