Тактизирање за Законот за бранители
Тактизирање со Законот за бранители. Собранискиот спикер Гаши ја префрли топката во дворот на пратеничката Даути. СДСМ најави дека ќе ги користи сите ресурси за решението да ја види светлината на денот, од „Вреди“ децидни – тоа нема да се случи...

„Нема да биде решен проблемот со Предлог законот за посебни права на бранителите“ - вели претседателот на законодавниот дом Гаши. Топката ја префрли на пратеничката од редовите на „Европскиот фронт“ Илире Даути. Според Гаши, таа поради политички убедувања не ја ставила точката на дневниот ред на седницата на Комисијата за социјални политики со која претседава. Собранискиот спикер оценува дека работел според Деловникот и дека во моментот одземено му е правото да интервенира.
Лидерот и пратеник на СДСМ Венко Филипче, вели дека се исцрпуваат сите ресурси Законот за бранителите да се најде на собраниска комисија, но не размислуваат за барање за разрешување на Даути. Вицепремиерот Изет Меџити отворено коментираше дека Законот нема да помине во Собранието.
На Комисијата за деловнички прашања следната недела ќе се носат заклучоци за коализија на одредени членови од Деловникот. Гаши сè уште не одлучил дали на дневен ред ќе биде и барањето на социјалдемократите да се разгледува дали со незакажување на комисиска седница наместо Даути, тој го прекршува Деловникот.
Марина Стојанова -Тонева
