ПАРТИИ

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка

26.09.2024 16:28

Од партијата велат дека повеќе нема простор за одложувања, изговори или манипулации кои би го одбегнувале неизбежното. Уставните измени не се само правна обврска, тие претставуваат морална и стратешка императивност која обезбедува нашата држава да остане на патот кон европската интеграција.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно го потврдува своето непоколебливо залагање за европската интеграција на Северна Македонија. Времето дојде да се исполнат дадените ветувања на нашите граѓани, кои континуирано ја поддржуваат евро-атлантската патека на нашата земја. Последните настани, вклучително и претстојното отворање на преговорите на ЕУ со Албанија, јасно покажуваат дека просторот за одлучни чекори брзо се затвора, соопштуваат од ДУИ.

Од партијата велат дека повеќе нема простор за одложувања, изговори или манипулации кои би го одбегнувале неизбежното. Уставните измени не се само правна обврска, тие претставуваат морална и стратешка императивност која обезбедува нашата држава да остане на патот кон европската интеграција.

Од ДУИ нагласуваат дека иднината на Северна Македонија е во рамките на Европската Унија. Ги повикуваат сите страни да ги стават интересите на Северна Македонија и нејзините граѓани на прво место и да дејствуваат во согласност со европските аспирации.