Евроинтеграции
Борел: Членството е на дофат, клучните реформи да се спроведат
26.09.2024 16:01
Борел на средбата во Њујорк ги уверел лидерите од Западен Балкан дека проширувањето останува главен приоритет, бидејќи регионот е интегрален дел од Европа, соопштија од неговиот кабинет.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на средбата во Њујорк ги уверел лидерите од Западен Балкан дека проширувањето останува главен приоритет, бидејќи регионот е интегрален дел од Европа, соопштија од неговиот кабинет.
„Членството е на дофат, под услов клучните реформи да се спроведат со обновен фокус“, истакнал Борел.
Тој посочил на важноста на добрососедските односи и порачал дека лидерите мора да донесат храбри и стратешки одлуки за да ги унапредат европските аспирации.
