Евроинтеграции
Тирана во европскиот воз, Скопје на перонот
26.09.2024 17:45
Тирана ќе отвора кластери, Брисел чека Скопје да ги исполни критериумите, Софија ликува. Премиерот Мицкоски гледа диктат – вели, не треба да се прават отстапки и да се прифаќаат услови без гаранции. За опозицијата, раздвојувањето од Албанија е катастрофа за иднината на граѓаните...
Албанија на 15-ти октомври ќе почне да отвора поглавја од преговарачкиот процес. Грција го тргна ветото, Тирана сама продолжува по интегративниот пат. Ова предизвика лавина реакции, и во земјава и во Софија. Брисел чека Скопје да го исполни условот со уставните измени.
Известува Миле Ристески
