Посета

Унгарскиот премиер пристигна во Охрид

26.09.2024 20:01

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во дводневна посета на земјава. Тој со македонскиот колега ќе се сретнат во премиерската вила во Охрид. Градот под високи безбедносни мерки…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид. Како што информираат владини извори, унгарскиот премиер пристигна со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри.

Според агендата, утре по тет-а-тет средбата на двајцата премиери, ќе се одржи меѓувладина седница по која Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета, предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Од Охрид известува Викторија Милевска