тутунопроизводство

До 30-ти септември трае пријавувањето за лиценци за проценители на тутун

27.09.2024 08:13

За да можат да бидат присутни на секоја вага за време на откупот на тутунот, проценителите мора да имаат лиценци. Пријавувањето за испитот ќе трае до 30-ти септември, а полагањето и проверката на стручноста ќе се врши во Институтот за тутун во Прилеп …

До 30-ти септември трае пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот.

Кандидати мора да посетуваат обука во октомври и да добијат потврда од Институтот за тутун во Прилеп.

За денот на почетокот на обуката, за полагање на испитот и трошоците, заинтересираните ќе бидат дополнително известени.

Кандидатите за проценители мора да имаат завршено најмалку средно училиште.

Оние кои немаат соодветно образование треба да се производители на тутун најмалку во последните пет години и треба да достават документ или потврда за откуп на тутунот од претпријатието со кое склучувале договори.

Тутунарите кои немаат соодветно образование треба да приложат и потврда од фирмата за работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун.

Со високо образование треба да имаат две, со вишо три, а со средно четири години работен стаж.

 

Методија Трајков