Украина

Зеленски во САД го претстави планот за победа на Киев

27.09.2024 08:43

„Длабоко цениме дека Украина и Америка застанаа рамо до рамо од првите моменти на оваа ужасна руска инвазија. Вашата решителност е неверојатно важна за нас да надвладееме“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина...

Додека војната беснее на фронтот во Украина, Зеленски во САД го претстави планот за победа на Киев пред неговиот американски колега Бајден кој претходно најави нова воена помош за земјата во вредност од над 8 милијарди долари. Бајден вети дека ќе се погрижи таа да се исплати пред да ја напушти функцијата, најавувајќи дека планира да свика состанок со други светски лидери фокусирани на одбраната на Украина за време на посетата на Германија следниот месец.

„Ние стоиме со Украина, сега и во иднина. Русија нема да победи, Украина ќе победи“, изјави Џозеф Бајден – претседател на САД.

„Длабоко цениме дека Украина и Америка застанаа рамо до рамо од првите моменти на оваа ужасна руска инвазија. Вашата решителност е неверојатно важна за нас да надвладееме“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

По средбата со претседателската кандидатка на демократите Камала Харис, Зеленски денеска на средба и со нејзиниот ривал републиканецот, Доналд Трамп кој изјави дека една од работите што му пречи е фактот што Европа плаќа само мал дел од парите што ги плаќаат САД за поддршка на Украина.