САД

Ураганот Хелен удри на копното на Флорида со себе носејќи обилни дождови и ветрови

27.09.2024 08:45

Повеќе од милион корисници останаа без струја, а поплави се пријавени долж брегот со рекордни нивоа на бранови забележани низ областа Тампа...

Ураганот Хелен со сила од четврта категорија удри на копното на Флорида со себе носејќи обилни дождови и ветрови со јачина од над 220 километри на час. Повеќе од милион корисници останаа без струја, а поплави се пријавени долж брегот со рекордни нивоа на бранови забележани низ областа Тампа.

Освен на Флорида, вонредна состојба е прогласена и во Џорџија, Јужна и Северна Каролина.