Со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ вечер завршува ИФФК „Браќа Манаки“
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон ...

Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“.
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.
