Новогодишен базар на рачни изработки
Штитови, шлемови, накит со антички мотиви - Иван Маринков со рачна изработка на предмети се занимава 7 години. Вели, луѓето ги сакаат затоа што се уникатни. Tрадицијата во семејствотое 100 годишна...Изработката воопшто не е тешка ако има љубов,раскажува Иван.
-За поголемите предмети штитовите и шлемовите потребно е недела до две, накитот оди побрзо објаснува Иван Маринов

Новогодишниот базар нуди интересни изработки за сите возрасти. На еден штанд уникатно изработен накит, на друг женска облека, новогодишни украси... Рактворбите од лејка со пирографска техника се дело на Ѕвонко Спасовски...
-Со самиот пирограф тешко е да се изработат, многу време треба, до 60 саати, минимум 5 саати вели ЅвонкоСпасовски.
Домашните креативци се задоволни од посетеноста на базарот и од заинтересираноста на граѓаните.
Уникатните рачно изработени предмети ќе се продаваат до Нова Година, велат граѓаните во анктетата за МРТ.
-Традиционални и современи македонски рачни изработки создадени од раката на најголемите домашни креативци можат да бидат прекрасен подарок за претстојните празници.
АндријанаАтанасовска