Украина

Нови руски напади врз Доњецк и Одеса

27.09.2024 11:38

Русија тврди дека напредува на фронтот. Украинските сили ги одбиваат нападите во опколениот град Покровск...

Нови руски напади врз Доњецк и Одеса. Има загинати и повредени цивили-соопшти Киев. Русија тврди дека напредува на фронтот. Украинските сили ги одбиваат нападите во опколениот град Покровск. Борби се водат и во Курск. Дронови го нарушија романскиот воздушен простор. Додека војната се разгорува, Зеленски во САД го претстави победничкиот план на Киев. По средбата со неговиот американски колега Бајден, кој најави воена помош од над 8 милијарди долари за земјата, и претседателската кандидатка на демократите Камала Харис, Зеленски денеска на средба и со нејзиниот ривал-републиканецот Доналд Трамп, кој верува дека може да постигне мировен договор.

„Ужасна работа е што се случува во Украина, но една од работите што ми пречат е фактот што Европа плаќа само мал дел од парите што ги плаќаат САД за поддршка на Киев. Тоа е многу неправедно кон нас. Со нетрпение ја очекувам средбата, тој не ме познава, но јас не се согласувам со него. Сепак, верувам дека ќе можам да постигнам договор меѓу него и Путин, многу брзо“, изјави Доналд Трамп, републикански претседателски кандидат на САД.