Клиника за ортопедски болести

Пациенти со малигни тумори на коски нема да мора да патуваат во странство

24.09.2024 14:54

Изминатиот месец, на 15-ти август на Клиниката за Ортопедски болести во Скопје, се изведе втората по ред оперативна интервенција, на 7 годишна пациентка за отстранување на малиген тумор на коска (Ewing sarcoma) на надколената коска, екстракорпорална ирадијација (надворешно зрачење на коската) и повторна реимплантација (односно враќање на коската кај пациентот)...

Изминатиот месец, на 15-ти август на Клиниката за Ортопедски болести во Скопје, се изведе втората по ред оперативна интервенција, на 7 годишна пациентка за отстранување на малиген тумор на коска (Ewing sarcoma) на надколената коска, екстракорпорална ирадијација (надворешно зрачење на коската) и повторна реимплантација (односно враќање на коската кај пациентот). Пациентката е во добра општа состојба со можност да се продолжи понатамошното лекување, а резултатите од оперативната интервенција се задоволителни.

Тимот го предводеше Проф. Д-р Милан Самарџиски раководител на Клиниката за Ортопедски болести и раководител на одделот за мускулоскелетна онкологија, додека пак анестезиолошкиот тим за оваа комплексна интервенција го предводеше Проф. Д-р. Јасминка Нанчева, заедно со спец. др. Марина Темелковска и с. Злата Апостоловска.  Во тимот учествуваа и: Доц.Д-р. Никола Граматниковски (спец. по кардиоваскуларна хирургија) спец. др. Златко Алексовски од Клиниката за детска хирургија, Др. Мики Ѓорески, Др. Муслија Адемоски и др. Сања Ѓориќ. Инструментарки: Биљана Тројановиќ, Кристина Реџеп и Ивана Танев, рентген техничар – Крешник Шеху.

Предоперативната радиодијагностика ја спроведоа спец. Др. Ивана Панчевска и Доц.д-р Петар Јаневски. Онколошкиот третман го водеше Проф. Д-р. Светлана Кочева од Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје. Од Институтот за патологија: Проф. Д-р Славица Костадинова – Куновска (раководител на институтот) и Др. Тамара Ангеловска.

Тимот од Клиниката за онкологија и радиотерапија, Тим на медицински физичари кои учествуваа во подготовка и озрачување на коската: доц. д-р Душко Лукарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика), Александар Атевиќ (специјалист по медицинска нуклеарна физика) Милена Теодосиевска Дилиндарски (специјалист по медицинска нуклеарна физика).

Оваа интервенција пред 3 месеци за прв пат се изведе на Клиниката за Ортопедски болести и во нашата држава и претставува нова метода воведена во нашата држава за третман на пациенти со малигни коскени тумори. Во наредниот период ќе следуваат и други новитети во однос на хируршкиот третман на онколошките пациенти, со враќањето на Др. Теодора Тодорова, која што ја иницираше и самата идеја за методата по завршеното 6 месечно стручно усовршување (fellowship програма) во областа на ортопедската онкологија во Клиниката ЛКХ во Грац, Р. Австрија на одделот за мускулоскелетна онкологија.

На Клиниката за Ортопедски болести континуирано функционира и комисијата за мускулоскелетни тумори  т.н. “Саркома конзилиум” во која што учествуваат специјалисти од повеќе области, а со цел навремена дијагностика и оптимален третман на пациентите со тумори на коските и меките ткива.

Со примената на оваа метода и воведувањето на нови, целта е да се намали бројот на пациенти што се лекуваат во странство, а воедно на пациентите да им станат достапни за лекување најсовремените методи од областа.