Општина Аеродром

Истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачињата

27.09.2024 12:05

Како што информираат од Општината, семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром најдоцна до понеделник, 30 септември...

Истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачињата кои се запишани во основните училишта во општина Аеродром, во износ од 3.500 денари.

Како што информираат од Општината, семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром најдоцна до понеделник, 30 септември.

Оттаму додаваат дека Општина Аеродром останува посветена на заложбата за инвестиции во најмладите, како и кратењето на дополнителните трошоци што претставуваат товар на секој семеен буџет.