Здравство

Матичните лекари останаа врзани за специјалистите

27.09.2024 12:44

Матичните лекари можат да ги препишат сите дози од новите лекови на позитивната листа, но се случува пациентите да бидат вратени од некоја аптека. Од новите лекови само два може да издаде матичен без препорака на специјалист, не се надмина јазот, матичните сами да издаваат хронична терапија...

Надминат е проблемот во однос на пропишувањето на дозите на новите лекови од позитивната листа. Матичните лекари за ова реагираа минатата недела и добиле допис од Фондот дека можат да се пропишуваат и другите дози, не само една како што првично им било кажано.

И новите лекови од позитивната листа остануваат врзани со потпис на специјалист. Само два лека од позитивната листа може да ги препише матичниот доктор, останатите одат на товар на Фондот, за разлика од пред две недели кога пациентите приватно си ги купувале, но проблем е што хронично болните мора повторно да се упатат до специјалист.

Доколу матичните добијат одврзани раце за пропишување хронична терапија, би се намалиле турканиците пред ординациите на специјалистите. Би доаѓале само пациенти за преглед, не за рутинско продолжување на хронична терапија.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски