Од викендов поевтинуваат 2.500 производи
Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, со кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени околу 2.500 производи на кои маржа им е ограничена до 10 проценти...

Со Законот за нефер трговски практики се очекува намалување на цените на над 2.500 производи.
Сепак граѓаните се скептични. Не очекуваат намалување на цените на производите.
Од организација на потрошувачи сметаат дека законот ќе има ефект врз намалувањето на цената на прехранбените производи.
Од вторникот, пак, на сила е одлуката на Владата за ограничувања на профитната маржа до 10 отсто на 73 производи кои се најдоа на листата на „есенската кошница“, што, пак, го контролира Државниот пазарен инспекторат. Од таму вчера информираа дека на првиот ден од контролата, кога се контролираа големите маркети, поради утврдени неправилности изречени се парични глоби во висина од околу 20 илјади евра.
Вчера се контролираа бурекџилниците и малите маркети, а од денеска ќе се контролираат трговците на големо.
Ана Јосифовска-Тодоровска
