Фестивалот РУТА во Драмски театар
Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на третото издание на меѓународниот театарскиот фестивал Рута. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот.

Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на третото издание на меѓународниот театарскиот фестивал Рута.
На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри. Београдско драмско позориште од Србија, Камерни театар 55 од Сараево, Босна и Херцеговина. Од Хрватска гостуваат, Казалиште Улисис во копродукција со театарот Гавела од Загреб. Местно гледалишче Љубљана од Словенија настапува со претстава работена во копродукција со Београдско драмско позориште. Со свои претстави од годинешнава продукција настапуваат и Градско позориште Подгорица и Драмски театар Скопје.
По церемонијата на свеченото отворање на 15-ти октомври во 20 часот, ансамблот на Драмски театар Скопје ќе ја изведе претставата „Хеда Габлер“. Претставата ја имаше својата премиера во април годинава и е работена по текст на Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценографијата е на Васил Христов, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман-Сања Арсовска, Судијата Брак – Зоран Љутков, Јерген Тесман – Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг-Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра Сара Климоска.
За втората фестивалска вечер на 16 октомври е најавена претставата од Хрватска. Режисерката Ленка Удовички и ансамблите на театар Улисис и Градски драмски театар Гавела од Загреб во копродукција ќе ја изведат нивната претстава „Опера за три гроша“ од класиците писателот Бертол Брехт и композиторот Курт Веил. Улогите им се доверени на актерите Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Ника Иванчиќ, Аница Контиќ, Ана Квргиќ, Лана
