По 15 години Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод во сопствен објект

15.07.2014 15:59

По 15 години потстанари, ревизорите ќе добијат модерни услови за работа. За најмногу две години, ќе има нова зграда на Државниот завод за ревизија и на Геолошкиот завод.

Премиерот Груевски кој беше на поставување на камен-темелникот рече дека заложба на Владата е да ги решава проблемите на институциите зашто голем број од нив биле сместени во простории под закуп, а така губела државата.

Според него, моделирање силни ефикасни институции кои во целост ќе одговараат на својата улога и ќе ја развиваат државата е една од основните цели на владата.

„Моделирање на силни, модерни и ефикасни државни институции, кои во целост ќе можат да одговорат на својата улога во општеството и ќе бидат предводници на развојот на нашата земја, претставува еден од основните цели и приоритети на владата. Ваквата цел не подразбира само промена на нормативната рамка на дејствување на институциите, како и вложување во подбрување на услугите во истите, туку потребен е суштински и сеопфатен пристап и континуиран влог во нивно одржување, унапредување и обезбедување на севкупни услови за непречена работа на вработените,“ рече премиерот Груевски.

Првиот ревизор Тања Таневска вели дека заводот успешно придонесува во развојот на владеењето на правото, а институциите ја препознаваат мисијата на ревизорот.

„Во минатата деценијаипол Државниот завод за ревизија вложуваше максимални напори да се изгради во цврста и стабилна институција, која успешно придонесува за промоција и градење на демократско општество и владеење на правото. Нашето успешно работење придонесува за подобро функционирање на институциите на системот, нашите грижи се во насока да го потврдиме и унапредиме угледот што го имаме во промоција на искрена и професионална јавна администрација“, рече Таневска.

Архитектонското решение ќе чини 7 милиони евра.6-те ката, приземјето со продавници и подрумотќе бидат на околу 7 илјади метри квадратни.

Миле Ристески