Охрид
Средба Мицкоски - Орбан
27.09.2024 13:56
Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Премиерите на Македонија и Унгарија со пораки за стратешко сојузништво...

Унгарија не е само партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција. Вака премиерот Мицкоски го претстави неговиот колега Виктор Орбан, кој е во дводневна посета на Македонија. Средбата се одржува во Охрид, а пред прес конференцијата, двете влади одржаа заедничка седница. Кои пораки беа упатени денеска од страна на двајцата премиери, во Дневникот од Охрид известува Викторија Милевска.
