Скопје

Сомнеж за труење во основно училиште во Општина Аеродром

27.09.2024 14:29

Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна...

Ученици од прво до трето одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна.

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и денеска не се служи топол оброк. За ова добиле известување и сите надлежни институции, кои допрва треба да утврдат дали причината за труењето на дечињата е храната од кујната во училиштето.

Од Институтот за јавно здравје засега нема одговор.