Повторување на постапката со избор на тројцата штипски професори
Констатирани неправилности во критериумите за избор во повисоко звање на тројцата штипски професори. Просветниот инспекторат со решение за повторување на постапката, професорите продолжуваат со штрајкот...

Државниот просветен инспекторат донесе решение за повторување на постапката за избор во звање во случајот со тројцата професори од Економскиот факултет во Штип. Ова е епилогот од вонредниот инспекциски надзор во кој се констатирани неправилности во делот на критериуми за избор во звање за научните области финансии, сметководство и менаџмент.
Иако препораката на инспекторатот е во согласност со барањата на професорите, тие денес сепак беа воздржани за коментар, зашто одлуката се уште не ја виделе лично:
„Ќе мора прво да го видам решението за да можам истото да го искоментира. Нашето барање беше јасно – да се постапи согласно законот, односно најдоцна до 2-ри август, тројцата коеги кои имаат позитивни рецении да бидат избрани во вонредни професори“, изјави доц. д-р Крсте Шајновски.
Ова значи дека професорите штрајкот нема да го прекинат.
„Се додека не добиеме решение со кое се констатира дека дека одлуката на Наставно – научниот совет е нелигитимна, односно незаконита, што значи повотрно да се врати на гласање, ние ќе продолжиме да штрајкуваме со глад“, изјава доц. д-р Александар Костадиновски.
Инаку, тројцата професори веќе петти ден штрајкуваат со глад, како револт на одлуката на Наставно – научниот совет да не даде поддршка за нивен избор во повисоко звање и покрај позитивните реценции и реферати од Комисијта.
Без коменатар во однос на решението на просветниот инспекторат денес беа и од Штипскиот Унверзитет. Оттаму уште еднаш потенцираа дека со конкретен став ќе се огласат откако ќе го добијат извештајот на просветната инспекција.
Од универзитетот денес уште еднаш потенцираа дека се уште немаат добиено решение дали е нарушена постапката, и ако е, како да постапат. Во моментот кога ќе се добие решение УГД ќе постапи согласно насоките на државниот просветен инспекторат, стоеше во вчерашното писмено соопштение од Иниверзитетот.
Оливера Жежова
