Политика

Посетата на Орбан значајна за земјава и за Западен Балкан, велат аналитичарите

27.09.2024 15:42

Независно од проблемите што Унгарија ги има со Брисел, Будимпешта секогаш била на страната на Македонија и кога станува збор за странските инвестиции, но и за поддршката во евроинтеграциите, вели аналитичарот Џелал Незири.

Посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан означува зголемено политичко влијание на Будимпешта врз регионот, смета аналитичарот Петар Арсовски.

Според него, можно е Унгарија да направи притисок за забрзување на европските интеграции, но со оглед на тврдиот став на Брисел кој инсистира на уставни измени, вели Арсовски – тоа би било многу тешко.

Независно од проблемите што Унгарија ги има со Брисел, Будимпешта секогаш била на страната на Македонија и кога станува збор за странските инвестиции, но и за поддршката во евроинтеграциите, вели аналитичарот Џелал Незири.

Од тие причини, посетата на Орбан и неговиот кабинет е значајна за земјава затоа што перспективата на Западниот Балкан, вели Незири, зависи и од пријателството со големите земји.

Унгарија на 1-ви јули го презеде ротирачкото претседавање со ЕУ и на кормилото ќе остане до Нова година.

Анита Димитријевска – Велковска