Евроинтеграции

Бугарија со цврст став-нема напредок без уставни измени

27.09.2024 15:50

По раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија за отворањето поглавја, се наоѓаме во статус кво ситуација од која може да излеземе само ако се соочиме со проблемот, оценуваат експертите.

Нема напредок во евроинтеграцијата сè додека не се направат уставните промени, Бугарија останува на ставот дека тие се услов за отворање поглавја.

„Единствено правилно е да се вклучат Бугарите во Уставот на прво место, бидејќи тоа е втемелено во правната рамка на Европската унија и тоа мора да се почитува“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

По раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија за отворањето поглавја, се наоѓаме во статус кво ситуација од која може да излеземе само ако се соочиме со проблемот, оценуваат експертите.

Со која брзина ќе се одвива евроинтеграцијата ќе зависи пред сè и од составот на новата Европска комисија, но европските експерти се согласни дека преговарачката рамка не може да се менува, ниту Европската унија може да даде гаранции дека и понатаму во преговарачкиот процес нема да бидат поставувани нови барања за Република Северна Македонија.

„Евроинтеграцијата е неизбежна, но со какви чекори ќе се одвива зависи од новата Европска комисија“, вели Гавин Синот-Центар за европски студии Вилфрид Мартенс-Брисел.

„На маса за напредување на Северна Македонија се уставните промени. Во моментов е тешко да се постигне друг договор“, нагласува Даниел Браун-Фондација Конрад Аденауер.

Албанија на 15-ти октомври ќе почне со отворање поглавја од првиот кластер темели.

Ирина Гелевска