МНР

Средба Димитровски- Левенте

27.09.2024 16:22

За време на разговорите беше поздравен динамичниот дијалог на сите нивоа кој е показател за одличната соработка која изминатите триесет години постојано се развива. Заеднички беа истакнати бројните можности за унапредување на економската соработка и зголемување на меѓусебната трговската размена и унгарските инвестиции во нашата земја.

Во рамки на посетата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на нашата земја, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски оствари одвоена средба со заменик министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте.

За време на разговорите беше поздравен динамичниот дијалог на сите нивоа кој е показател за одличната соработка која изминатите триесет години постојано се развива. Заеднички беа истакнати бројните можности за унапредување на економската соработка и зголемување на меѓусебната трговската размена и унгарските инвестиции во нашата земја.

Заменик министерот Димитровски упати благодарност за континуираната и гласна поддршка на Унгарија за нашето европско досие која е јасно видлива и за време на актуелното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија.

На средбата беше разговарано и за можната соработка помеѓу двете министерства во делот на обука на македонските дипломати за новата надлежност во надворешната трговија, на дипломатската академија при унгарското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Исто така, беше разгледана и можноста во некои од поважните земји на петте континенти каде што Северна Македонија нема свои дипломатски претставништва, да упатуваме дипломати во ДКП-ата на Унгарија, што значително ќе ги намали нашите трошоци за дипломатско претставување во светот.