Државна матура

Средношколците повеќе познаваат странски, отколку мајчин јазик

15.07.2014 16:19

Околу 18.000 средношколци полагале државна матура, а резултатите веќе се истакнати на огласните табли во училиштата и на интернет страницата www.matura.gov.mk...

Добра успех, со просечна оценка 3 ,11 добиле средношколците на државната матура. Таа е за 0,07 насто помала од лани. Според резултатите,  учениците подобро го познаваат странскиот отколку мајчиниот јазик. Годинава околу 4.800 ученици го полагале предметот бизнис, кој оваа година беше воведен  во државната матура. Голем бил и интересот за математиката.

„Просечните постигнувања по математика- основно ниво, изнесуваат 3,04, исто како и достигнувањата по предметот математика- напредно ниво. И кај двата предмети имаме зголемување на брјот на пријавени кандидати“, рече министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Околу 18.000 средношколци полагале државна матура, а резултатите веќе се истакнати на огласните табли во училиштата и на интернет страницата www.matura.gov.mk. Учениците може да поднесат приговор до државниот испитен центар на 16 и 17 јули. Наредната сесија ќе се одржи во август.

„На 11 август се полага мајчин јазик и литература, на 13-ти странски јазик, на 14-ти август се полага математика, естетика и философија, додека на 16-ти август се полага биологија, хемија, физика, историја...“, додаде министерот Адеми.

Годинава матурантите полагаа по новиот принцип, осносно три екстерни и еден изборен предмет. Од 2007- та се спроведува државната матура.

Викторија Тодоровска