Дипломатија

Муцунски: Секогаш ќе бидеме на линија со надворешната политика на САД

27.09.2024 19:02

Мораме да најдеме мир и ги сметаме САД за клучна нација во постигнувањето на мирот. Ова го истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за американската телевизиска мрежа Њусмакс.

Ние секогаш ќе бидеме на линија со надворешната политика на САД, бидејќи сметаме дека е вистинската надворешна политика што обезбедува мир во светот и зачувување на светскиот поредок. Мораме да најдеме мир и ги сметаме САД за клучна нација во постигнувањето на мирот. Ова го истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за американската телевизиска мрежа Њусмакс.

„Клучен момент кој сакам да го потенцирам е што има промена на перцепцијата, особено изминативе месеци. Среќен сум што, не сите, но се повеќе и повеќе нации говораат за мир. Клучниот договор е да се најде дипломатско решение, секако не по секоја цена. Во основа доаѓам од регион на кој му треба принципот на меѓународното право. Потребн ни е мир, потребно е дипломатско решение, но решение кое нема да дозволи една земја билатерално да го уништи територијалениот интегритет и сувернитет на друга нација“, изјави шефот на дипломатијата Муцунски.