Ѓорческа избори полуфинале на фјучерс во Србија

27.09.2024 18:46

На Ѓорческа и беа потребни 80 минути игра за пласман во утрешното полуфинале во кое ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот од серијата 75 во Куршумлијска Бања, откако во денешниот четвртфинален дуел ја совлада Словенката Далила Јакуповиќ со 2-0 (6-4, 6-3).

На Ѓорческа и беа потребни 80 минути игра за пласман во утрешното полуфинале во кое ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија.

Ѓорческа и Јакуповиќ одиграа меч неизвесен натпревар како и претходните два, а по денешниот триумф Ѓорческа води со 2:1 во меѓусебните дуели.

Утрешната ривалка Радивојевиќ од Србија има 19 години и се наоѓа на 229 место на ВТА листата. Во меѓусебните мечеви скорот е 2:0 за Радивојевиќ.