кабинет

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

28.09.2024 08:56

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците...

Дозволете ми, во мое лично име и во името на македонските граѓани од останатите етнички заедници во Македонија, да ви го честитам 28 Септември ̶ Меѓународниот ден на Бошњаците.

Посакувам празникот да го минете во пријатна атмосфера и во заедништво со вашите најблиски, исполнети со радост и со среќа.

Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се прославува и придонесува за промоција на нејзината историја и на културните традиции кои се составен дел од македонското општество. Соживотот во нашата татковина е резултат на почит, уважување и солидарност. Да не дозволиме овие вредности да бидат загрозени и нарушени, и да продолжиме да работиме на напредокот и на благосостојбата на нашата заедничка татковина. Предизвиците со кои се соочуваме како држава нè тангираат сите и тие не бираат пол, религија, етникум. Сите сме под исто небо.

Обединети да ја оствариме визијата за нашата татковина, како демократска, правна и развиена држава.

Нека ни е честит празникот, се вели во честиткатат упатена од претседателката Сиљановска Давкова.