евроинтеграции
Бугарија експресно одби Унгарија да посредува во спорот со Македонија
28.09.2024 09:25
Унгарија да посредува во спорот меѓу Скопје и Софија - предложил Орбан на средбата со Мицкоски. Унгарскиот премиер нагласи дека Европската унија и прави голема неправда на Македонија. Бугарија продолжува со цврст став-без уставни измени, нема преговори...

Орбан му понуди на Мицкоски да посредува за спорот со Бугарија. Унгарскиот премиер нагласи дека Европската унија и прави голема неправда на Македонија.
Македонскиот премиер пак, потенцира дека реформите ќе продолжат, и покрај одлуката на Брисел за раздвојување на Скопје и Тирана на евроинтегративниот пат. Жалам што ние повторно сме жртва на билатерализација, а не на постигнувања, истакна Мицкоски.
Бугарија експресно одби Унгарија да посредува во спорот со Македонија.
