Блиски Исток
Израелското гранатирање на Либан не престанува
28.09.2024 10:02
Нападот оценет како воено злосторство за кое, како што се наведува од иранското МНР, треба да одговараат и Израел и САД...

По серијата израелски напади врз Бејрут, при што бил погоден и централниот штаб на Хезболах, иранската амбасада во Либан објави дека тоа е опасна ескалација што ја менува ситуацијата и ќе му донесе соодветна казна на сторителот.
Нападот оценет како воено злосторство за кое, како што се наведува од иранското МНР, треба да одговараат и Израел и САД. Вашингтон не добил претходно предупредување за израелскиот напад во Бејрут, соопштија од Пентагон.
