Руско-украински конфликт
Продолжуваат руските напади врз Доњецк и Одеса
28.09.2024 10:44
Додека војната продолжува, украинскиот претседател Зеленски во САД го претстави, како што го нарече победнички план на Киев...

Продолжуваат руските напади врз Доњецк и Одеса. Има загинати и повредени цивили, соопшти Киев.
Москва тврди дека напредува на фронтот. Додека војната продолжува, украинскиот претседател Зеленски во САД го претстави, како што го нарече победнички план на Киев.
По средбата со неговиот американски колега Бајден, кој најави воена помош од над 8 милијарди долари, Зеленски разговараше и со претседателските кандидати на демократите и на републиканците, Камала Харис и Доналд Трамп.
