Вештачката интелигенција нема да ја земе работата, велат експертите
Напредната или вештачката технологија нема да ни ја земе работата, туку ќе ја зголеми продуктивноста, а ние треба да сме во чекор со напредокот. Потребно е и модифицирање на образовниот систем на пазарот на трудот, оценуваат стручњаците и познавачите на економските прилики. Наше е колку брзо, или инертно ќе се вклопиме во општиот напредок …

Неоснован е стравот дека вештачката интелигенција или напредните технологии ќе ги присвојат работните места, сметаат стручњаците од оваа област. Точно е дека се загубени работни места поради примената на високите технологии, но се отвораат нови места на пазарот на трудот. Според светските проекции, догодина, ќе се загубат околу 55 милиона работни места, но, околу 130 милини нови работни места ќе се отворат. Ние сме зад светските трендови, но мора да сме подготвени, зашто тоа значи поголема продуктивност.
За да го фатиме чекорот, потребни се унапредување на образовниот систем и зголемена свест и свесност за напредокот.
Стравот е, главно, кај медиокритетите и кај луѓето кои, едноставно, не сакаат да работат на себе си и на напредокот, вели Александар Видановиќ од Србија.
Високата технологија пристигна. Наше е колку брзо, или инертно ќе се однесуваме кон придобивките.
Елизабета Митреска
