Руско-украински конфликт

Киев одново цел на руски напади

28.09.2024 14:34

Активирана воздушната тревога. Воената управа соопшти дека 15 дрона биле пресретнати...

Киев одново цел на руски напади со беспилотни летала. Активирана воздушната тревога. Воената управа соопшти дека 15 дрона биле пресретнати. Москва тврди дека напредува на фронтот. Не запираат воените дејствија во регионите Суми и Чернихив, украинските власти известија за цивилни жртви и повредени.

Украинскиот претседател Зеленски во САД го претстави, како што го нарече победнички план на Киев. По средбата со американскиот колега Бајден, кој најави воена помош од над 8 милијарди долари, Зеленски разговараше и со претседателските кандидати на демократите и на републиканците, Камала Харис и Доналд Трамп.